Пензионираниот американски офицер, полковник Даглас МекГрегор, во анализа на случувањата во Украина тврди дека западната пропаганда создала лажни очекувања за успехот на Украина.

Русија во голема мера ја постигна својата цел да ја неутрализира украинската војска. Но, западните влади погрешно веруваат дека намерниот напредок, дизајниран за да се избегнат цивилни жртви, ја одразува слабоста на руската војска и испраќаат оружје за продолжување на борбите – тврди поранешниот главен советник на Пентагон.

Полковникот МекГрегор вели дека рускиот претседател, Владимир Путин, уште од самиот почеток дал строги наредби да се избегнат цивилни жртви и голема материјална штета.

Ова го забави напредокот на Русите до тој степен што им даде лажна надеж и на Украинците, но луѓето на Запад ја искористија за да се обидат да го убедат светот дека рускиот пораз е на повидок, а всушност се случува спротивното. Војната е практично решена, за сите намери и цели кои ги имаше – вели полковник МекГрегор.

Тој анализира дека целта на операција од првиот ден била насочена кон уништување на украинските сили што, според него, во главно е завршено.

Украинските единици кои и понатаму се активни се целосно опколени, отсечени и изолирани во различни градови, вклучително и 60.000 војници на границата со Доњецк, чии залихи, најверојатно, досега се потрошени. Медиумското покривање на борбите, сепак, ја игнорира оваа реалност и дава слика за руската војска која е „неспособна“ – според некои американски сенатори – затоа што не успеа да го освои Киев за само неколку дена – вели полковникот.

Тој истакнува дека ваквиот развој го користат оние кои сакаат да испратат повеќе оружје за Киев.

Многу е очигледно дека Вашингтон сака ова да продолжи што е можно подолго, со надеж дека Русија ќе биде поразена. Но, едноставно не гледам дека тоа ќе се случи – вели МекГрегор.

Полковникот вели дека најголемиот проблем во моментов е што „на Западот нема вистина и дека постои желба и тој впечаток за успехот на Украинците, кој не е точен“.

Најголемата лага што сум ја слушнал да се повторува на телевизија е дека на руските војници им било кажано намерно да убиваат украински цивили. Тоа е апсурдно, тоа е глупост – вели полковникот МекГрегор.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата побара од американскиот Конгрес да испрати борбени авиони, ракети за противвоздушна одбрана и друго оружје во Киев, како и да воспостави зона на забранети летови над Украина, за неговата армија да ја победи Русија. Зеленски ги кажа истите аргументи и пред канадските пратеници во вторникот.

Полковникот Мек регор, сепак, верува дека таквите пратки нема да имаат голем ефект и дека одбивањето на Зеленски да преговара за примирје само ќе доведе до смрт на повеќе Украинци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.