Tринаесетгодишно момче управувало камион кој се судрил со комбе што превезувало тим за голф од колеџ во Западен Тексас, при што загинале девет лица, соопштија властите.

Според Одделот за јавна безбедност во Тексас, пикап „Доџ 2500“ излетал на спротивната лента и директно се судрил со комбето. Се запалиле и двете возила.

Брус Ландсберг, заменик-претседател на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот, изјави дека малолетникот бил зад воланот на камионот во моментот на несреќата.

Тринаесетгодишникот ги прекршил законите на Тексас, пишуваат американските медиуми.

Возачка дозвола во таа држава може да се добие со само 15-годишна возраст, што овозможува да се вози со возрасно лице над 21 година кое поседува важечка возачка дозвола.

Ландсберг рече дека предната лева гума на камионот пукнала пред судирот, кој се случил додека двете возила се движеле со голема брзина едно кон друго.

Двајца студенти од Југозападниот универзитет, двајца Канаѓани, се во критична состојба во болницата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.