На регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, вчера се запалило товарно моторно возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки.

„Во 14.59 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово – Крива Паланка настанал пожар во товарно моторно возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки во движење, кое го управувал А.Т. (27) “, соопштуваат од полицијата.

Територијалната противпожарна единица Крива Паланка го изгаснала пожарот, а екипата од СВР Куманово направила увид. Нема повредени лица во пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.