Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, изјави дека Русија станала најголема закана за земјите од НАТО, пренесоа полските медиуми.
Дуда, по Самитот на НАТО во Вилнус, изјави дека Русија многу години ја нарекувале „партнер на НАТО“.
Имаше сојузници кои категорично се изјаснија за вклучување на името на Русија како партнер на НАТО во документите на Алијансата. Но, сега се менува односот на Алијансата кон Русија, која води агресивна војна во Украина. Русија престанува да биде партнер на НАТО… Денес Русија е агресорот… и најголемата закана за земјите од НАТО, заклучи шефот на полската држава, изјави Дуда
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.