Заменик-командантот на рускиот јужен воен округ, генерал Олег Зоков е убиен во украински ракетен напад, објави руската државна телевизија.

За жал, тој загина херојски. Тој човек заслужува големо признание, тој имаше неверојатен авторитет во вооружените сили“, изјави пензионираниот генерал и пратеник во Думата Андреј Гуруљов за телевизијата.

Руското Министерство за одбрана официјално не потврди дека Зоков е убиен. Неколку руски Телеграмски канали претходно објавија дека Зоков е убиен во гранатирањето на окупираниот украински град Бердјанск, кој се наоѓа на околу 100 километри од фронтот.

Киев значително го засили гранатирањето на руските задни командни и логистички центри и складишта за гориво и муниција во последните неколку недели, користејќи, меѓу другото, британски крстосувачки ракети „Сторм шедоу“.

Зоков (51) се најде на европската листа на санкционирани за учество во војната. Се верува дека тој е делумно одговорен за серијата ракетни напади врз украинските градови. Тој е шестиот руски генерал чија смрт е потврдена од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.