Новиот полски премиер, Доначлд Туск изјави дека Полска нема да ги добие нарачаните нови тенкови „Пантер“ од Јужна Кореја затоа што пропаднал договорот за заем, пренесува „Ројтерс“.

Имаше проблем со корејските набавки, не знам кој ја направи грешката, дали министерот Блашчак ја пресмета погрешно или дали Корејците се повлекоа, но значителен дел од корејските набавки требаше да се финансираат со заем, што требаше да го додели Кореја. На крајот испадна дека имало некое недоразбирање. Не сакам сега да обвинувам никого, но испадна дека нема корејски заем, па ако има сомнежи за корејските договори тоа е поради она што беше откриено уште пред да победиме на изборите“, изјави Туск



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.