Обединетите нации се обидуваат да посредуваат во договорот со Русија за да и се дозволи на Украина да го рестартира извозот на жито преку Црното Море, пишува „Политико“.

Во текстот се додава дека официјални лица и пратеници од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се многу скептични дека Русија работи со добра волја.

Според порталот, нивната примарна причина за песимизам се неодамнешните коментари на рускиот претседател Владимир Путин и руските официјални лица кои сугерираат дека ќе ја ублажат блокадата на украинските пристаништа доколку, за возврат, Западот ги укине економските санкции кон Москва.

Американски функционер го опишува предлогот на Москва како „дипломатија на изнудување“ и вели дека САД нема да се согласат на договор што ќе стави крај на економски притисок врз Кремљ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.