Американската полиција уапсила осомничен по масовното пукање во кое загинаа шест луѓе на парадата на Денот на независноста на САД во богатото предградие на Чикаго, Хајленд Парк.

По кратка бркотница со автомобил, Роберт Кримо (22) е приведен „без инциденти“ – изјави началникот на полицијата во Хајленд Парк, Лу Џогмен.

Кримо бил означен како „осомничен“ за пукањето, но по неговото апсење, полицијата соопшти дека верува оти тој и го извршил нападот.

Официјални лица соопштија дека околу дваесетина лица, вклучително и деца, се згрижени во болница поради повреди од огнено оружје, а некои се во критична состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.