Ајфеловата кула во Париз, од 2010 година прогресивно ‘рѓосува и доколку тоа итно не се санира, таа би можела да се урне, пишува списанието „Маријан“, повикувајќи се на доверливи документи.

Во нив се посочува дека Ајфеловата кула е во лоша состојба, односно „на некои места ‘рѓата целосно го кородирала металот“. Причината е што железото од кое е направен споменикот доаѓа во допир со вода и кислород на оние места каде што бојата отпаѓа од застареноста.

Во 2018 година, почна 20-то реновирање на кулата, во рамки на подготовки за Олимпијадата во 2024 година, што вклучува чистење на една третина од структурата и нанесување на два слоја нова боја, за да се ограничи корозијата. Сепак, поради пандемијата на корона вирус, работата мораше да се одложи…

Поради ова, сега се чини дека поправката ќе биде „козметичка“ и ќе покрие само пет отсто од Ајфеловата кула.

Веројатно нема да падне утре изутрина, но навистина не е во многу добра состојба – вели за весникот официјален претставник, кој претпочита да остане анонимен.

Фирмата „Сете“, која раководи со атракцијата, не сака да ја затвора Кулата на подолг временски период поради поправки, бидејќи тоа би довело до губење на приходите. Ајфеловата кула е четвртото најпосетувано место во Париз, по „Дизниленд“, „Лувр“ и Версај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.