Демонстрантите од цела Франција, кои најавија протести во Париз како дел од таканаречениот „Конвој на слободата“, и покрај големиот број полицајци, оклопни возила и контролни пунктови, успеаја да се пробијат до центарот на градот.

Според снимките од мрежите, на Елисејските полиња може да се забележи солзавец, кој полицијата го испука за да ги растера насобраните.На видеото се гледа како граѓаните ставаат парчиња облека на лицето за да избегнат вдишување солзавец, а некои побараа засолниште во блиските бутици.

Солзавац се прошири по околните улици, така што може да се видат граѓаните како набрзина ги напуштаат градините на кафулињата и рестораните.

Се чини дека ситуацијата, покрај пукањето солзавец, засега е мирна, без претерана полициска интервенција, а насобраните граѓани аплаудираат на возилата во колоната на протестот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.