Возачите на автопат во Чешка биле изненадени кога забележале „формула“ зад, до, но и пред нив.

Чешката полиција соопшти дека трага по возачот на „формула“, кој со голема брзина се движел по чешкиот автопат.

Социјалните мрежи беа преплавени со видео снимки од возачи на автопат кои ги престигнува Формула 1 болид.

Снимката доаѓа од автопатот кај Прибрам во Чешка, а припадниците на полициската служба бараат помош од граѓаните доколку имаат повеќе информации.

Анализирајќи го болидот, јасно е дека не се работи за болид од Формула 1, туку за постар модел на автомобил GP2, кој е забрането да се вози по јавни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.