Со прашањето поставено на Фејсбук: „Ако влезат Украина, Албанија и Косово, тогаш треба ли ние да излеземе?“, младите на Австриската партија на слободата (ФПО) почнаа дискусија за повлекувањето на Австрија од ЕУ.

Со ваквото прашање, Младите на Слободата реагираат на препораката на Европската комисија да им се даде кандидатски статус на Украина и Молдавија.

Таквото мислење го дели и европратеникот на ФПО, Харалд Вилимски, кому се допадна објавата.

Австрија влезе во ЕУ во 1995 година, а според анкетите, мнозинството граѓани се за членство во Унијата.

Според Евробарометар, 41% од Австријците сметаат дека членството во ЕУ е добро, додека 40% велат дека тоа не е ниту добро ниту лошо.

Само 18 отсто сметаат дека за Австрија е лошо што е членка на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.