Пензионираниот полковник на Федералната служба за безбедност, Вадим Зимин, (53) е пронајден со прострелни рани во кујната на неговиот стан во Красногорск во Московската област. Според извештаите, тој е во критична состојба и е на интензивна нега.

На јавноста и е позната само една фотографија од мистериозниот руски полковник, кому му беше доверено да го носи куферчето со шифри од рускиот нуклеарен арсенал.

Зимин ја продолжи својата кариера во службата за безбедност, добивајќи ја позицијата на полковник во времето на Владимир Путин, но неговата точна улога во администрацијата на Путин не е сосема јасна.

Во моментот на нападот, неговата сопруга, медицински работник, била отсутна од дома и ги лекувала војниците ранети во војната во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.