Британската тајна служба МИ6 го известила воениот и државниот врв на Украина дека Русите ќе ја почнат „битката за Донбас“ меѓу 12 и 19 април. Според разузнавачкиот извештај, тоа ќе се случи веднаш штом Русите ќе концентрираат 90.000 војници западно од украинскиот „фронт на Донбас“.

Предупредувањето го пренел британскиот премиер Борис Џонсон, кој при кратката посета на Киев на Украинците им вети 120 тенкови и други оклопни возила.

Украинскиот Генералштаб објави дека Русија ги концентрира своите сили околу Харков и дека нападот на тој голем град може да почне истовремено со „битката на сите битки“ во Донбас.

Киевската пропаганда тврди дека украинската армија ќе влезе во битката со 90.000-100.000 војници и 10.000 единици тешко вооружување. Односно, со: 320 тенкови, 642 топови и хаубици, 640 повеќецевни ракетни фрлачи, 42 ловци, 45 напаѓачки авиони… Сепак, според независни проценки, Украинците имаат само четвртина од наведените борбени средства.

Како што сега стојат работите, до големата битка Мариупол, ќе биде целосно исчистен од остатоците на украинската војска и припадниците на полкот „Азов“. Тие се веќе потиснати од пристаништето во градот и се концентрирани на територијата на металуршкиот комбинат „Азовстал“. Меѓутоа, таму нема цивили, па руската армија може да користи најголеми калибри и пламенофрлачи.

Во меѓувреме, сè уште постои голема интрига: колку точно западни офицери и разузнавачи има меѓу опколените?

Постојат претпоставки дека ги има најмалку десетина и дека меѓу нив има и „високи чинови“.

Индиректно, неколкуте неуспешни обиди на украинските сили за хеликоптерски десант за спасување, и обидот да го испратат украинскиот товарен брод „Апачи“ до опколените во Мариупол упатува на веројатност дека таквите информации се точни.

Капетанот на бродот се обидел да се пробие до Масриупол, но откако Русите со митралези пукале кон бродот тој застанал и руската војска го зазела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.