Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли почина на 66-годишна возраст, соопшти неговиот портпарол.

Поранешниот италијански новинар и политичар на левиот центар повеќе од две недели беше во тешка здравствена состојба, поради што беа откажани официјалните активности.

Тој беше примен во болница во Стразбур во септември со сериозен случај на пневмонија, но продолжи со политичките обврски во ноември.

Сасоли минатиот месец беше хоспитализиран во Италија поради компликации поврзани со имунолошкиот систем.

Тој починал утрово во болницата во Авијано, објави на Твитер неговиот портпарол Роберто Куило.

„Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, почина утрово во 1:15 часот во болницата во Авијано, Италија“,

објави Куило.

По неговата новинарска кариера во 2009 година, Давид Сасоли беше избран за пратеник во Европскиот парламент пред италијанските социјалдемократи.

На функцијата претседател на ЕП доаѓа по последните европски избори во јули 2019 година.

Од позиција на претседател на ЕП, Сасоли се залагаше за прием на Србија и другите земји од Западен Балкан во ЕУ.

„Проширувањето може да донесе огромни придобивки за регионот и за Европа како целина, бидејќи придонесува за стабилен, богат и мирен континент“,

рече Сасоли во јуни минатата година.

Гласањето за избор на нов претседател на ЕП е веќе планирано за крајот на јануари, имајќи предвид дека Сасоли претходно најави дека нема да се кандидира за втор мандат од две и пол години на чело на овој состав на Европскиот Парламент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.