За два дена треба да почне повлекувањето на војниците на контингентот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) од Казахстан.

Обидот за државен удар не успеа, ситуацијата во сите региони на земјата е стабилна, главната мисија на ОДКБ е завршена – изјави претседателот на Казахстан, Касам-Жомарт Токаев.

Прес-службата на шефот на државата соопшти дека Претседателот го назначил Алихан Смаилов за премиер. Смаилов беше првиот вицепремиер и вршител на должноста премиер, откако Токаев ја прифати оставката на владата предводена од Аскар Мамин на 5 јануари, поради протестите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.