Тринаесетгодишно момче почина откако испи 14 таблети од лекот против алергија „бенадрил“ поради предизвик на Тик ток. Трагедијата се случила во американската сојузна држава Охајо.

Таканаречениот „Бенадрил предизвик“ на Тик ток ги повикува тинејџерите да голтаат таблети „бенадрил“, кој предизвикува халуцинации, а потоа објавуваат видеа од нивното искуство на социјалните мрежи.

Телото на Џејкоб Стивенс почнало да се грчи откако тинејџерот голтнал големо количество од лекот за алергија, а во меѓувреме неговите пријатели снимале за да видат што ќе се случи. Џејкоб итно бил префрлен во болница бидејќи неговото тело почнало да откажува, а неговото семејство се согласило да биде исклучен од апаратите за одржување откако поминал шест дена во кличичка смрт, без мозочна активност.

Тоа беше премногу за неговото тело. По скенирањето на мозокот немаше ништо. Тие рекоа дека можеме да го држиме на машина, може да лежи – но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш нема да дише, да се смее, да оди или да зборува, изјави таткото Џастин Стивенс за Еј-би-си 6.

Таткото вели дека ќе се посвети на предупредување на младите и нивните родители за опасностите што се шират на социјалните мрежи. Тој самиот објави фотографии од Џејкоб на апарати за одржување во живот во болницата, за да ја прошири свеста.

Ќе направам сè што можам за да не се случува некои други деца и родители да поминуваат низ истото, вели таткото на Џејкоб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.