Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Њујорк, каде што треба да биде сослушан од државниот обвинител во врска со граѓанска тужба против него.

Сослушувањето ќе се одржи зад затворени врати, а Трамп ќе се појави пред обвинителката на државата Њујорк Летиција Џејмс во долниот дел на Менхетен, која ќе го испрашува за неговите деловни практики.

Во тужбата, Трамп е обвинет заедно со други лица за децениски манипулации во врска со вредноста на имотот со цел да се добијат поволни заеми и даночни поволности. Почетокот на судењето за овој случај е закажан за 2 октомври.

Трамп се повика на своето право против самоинкриминација согласно Петтиот амандман на американскиот устав повеќе од 400 пати на сослушувањето за случајот во август пред државниот обвинител.

„Конечно, ќе можам да покажам колку е одлична, профитабилна и вредна компанијата што ја изградив“, напиша Трамп утрово на својата платформа „Соушл Трут“, наведувајќи дека е изложен на „прогон“ од државниот обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.