За време на рускиот воздушен напад во центарот на Харков, оштетени се пет станбени згради, десетина гаражи и седум автомобили, објави на Телеграм Олександер Филчаков, шеф на регионалното обвинителство во Харков.

„Денеска, околу 11:45 часот, руската војска изврши масовно гранатирање на централниот дел на Харков од рускиот регион Белгород, со помош на авион… Две бомби паднаа во дворот на станбена зграда во областа Шевченко, 80 метри од влезот на централниот парк за рекреација, каде во тоа време имаше многу луѓе, меѓу кои и деца“, рече Филчаков.

Според него, во нападот биле користени бомби од 300 милиметри.

Филчаков додаде дека лекарска помош побарале три лица. паг/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.