Русија е подготвена брзо да се врати на договорот за жито, но тој треба да биде спроведен и во делот поврзан со Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претседателот Владимир Путин тоа веќе 100 пати го повтори. Русија е подготвена брзо да се врати на вистинскиот договор. Не само на разговорите, туку и на самиот договор. Таа е подготвена да го направи тоа веднаш. Договорот едноставно треба да се спроведе во делот што се однесува на Русија. Тоа досега не е направено – изјави Песков.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас Гринфилд, вчера посочи дека Русија е подготвена да се врати на преговорите за договорот кој овозможува безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.