Москва и Вашингтон не сакаат да организираат средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Американските медиуми претходно објавија дека се очекува претседателот Бајден да отпатува во Европа за да разговара за ситуацијата во Украина.

Нема да има средба Путин-Бајден – одговори Песков на прашањето дали се разгледува можноста за средба меѓу претседателите на Русија и САД.

Според телевизијата Ен-Би-Си, за време на своето патување во Европа, Бајден најверојатно ќе го посети Брисел, каде што се седиштата на раководните тела на НАТО и ЕУ, но не се наведуваат дополнителни детали за патувањето или конкретни датуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.