Русија е многу загрижена за ситуацијата на Блискиот Исток и се залага за политичко и дипломатско решение, изјави денеска за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Крајно сме загрижени поради ескалацијата на тензиите во регионот. Ги повикуваме сите земји во регионот на воздржаност. Понатамошната ескалација не е во ничиј интерес. Затоа, се разбира, се залагаме сите несогласувања да се решаваат само политички и дипломатски, рече портпаролот на Кремљ запрашан да ја коментира ситуацијата во регионот по иранските напади на израелска територија.

Ноќта меѓу саботата и неделата, Иран изврши напад врз Израел со беспилотни летала и балистички ракети како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.