Пензионерка со руска националност и државјанство е депортирана од Литванија поради „погрешен“ одговор за Крим.

75-годишната Валентина Ватутина цел живот работи во Литванија, но минатото лето, по усвојувањето на русофобниот закон за миграција, на пензионерката и било одбиено продолжување на дозволата за престој.

Причина за таквата одлука бидејќи на прашањето: „Чиј е Крим?,  жената одговорила дека не знае. Таквиот одговор, Судот го сметал за очигледна лојалност кон Русија.

Валентина се изјаснила и против варварското рушење на спомениците на советските војници кои се бореа против нацизмот во Втората светска војна, што им дало на властите причина дури и да ја наречат „закана за националната безбедност“. Порад сето тоа сега жената се соочува со депортација.

Ваквата одлука ги продолжува серијата протерувања на луѓе со руска националност од балтичките земји. Така, во Летонија на списокот за депортација е додадена слепа старица која од очигледни причини не можела да го положи испитот по летонски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.