Пентагон соопшти дека е воспоставена директна линија на комуникација со руското Министерство за одбрана, со цел да се спречат разни конфликти и инциденти, објавија западните медиуми, повикувајќи се на висок воен претставник на САД.

– Министерството за одбрана создаде линија за управување со конфликти со Министерството за одбрана на Русија за да се спречат погрешни пресметки, воени инциденти и ескалација на тензиите, изјави портпарол на Пентагон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.