Пентагон објави предвидување дека конфликтот во Украина ќе се одолговлекува и може да продолжи со години.

Мислам дека овој конфликт ќе биде многу долг. Сметам дека неговото времетраење ќе се мери со години. Не знам дали можеме да помислиме на една деценија, но барем неколку години сигурно – истакна претседателот на Советот на генералштабот на САД, генерал Марк Мили, за време на расправа за буџетот на Претставничкиот дом.

Генерал Мили нагласи дека тоа е долготраен конфликт меѓу Русија и Украина, во кој САД и сојузниците и партнерите на НАТО „ќе бидат инволвирани уште долго време“.

Еден ден претходно, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека според проценките на Вашингтон „следната фаза од украинскиот конфликт може да се мери во повеќе од месеци“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.