Украинските разузнавачки служби објавија видео и фотографии од ветеран за кој, како што наведуваат, постои основано сомневање дека е одговорен за ужасни и масовни злосторства во предградијата на украинската престолнина Киев.

Осомничениот за масовните злосторства врз цивилите во Буча е идентификуван од украинските разузнавачки служби во синергија со „Информнапалм“, волонтерска иницијатива која ги следи активностите на руската армија и специјалните служби.

Станува збор за потполковник Азатбек Омурбеков, командант на 64-та руска моторизирана бригада, која беше вклучена во заземањето на Буча, град на околу 40 километри од центарот на Киев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.