Од Пентагон соопштија дека американските власти одлучиле да ја снабдуваат Украина со муниција со осиромашен ураниум.

Како што велат од американската војска, таквите проектили се особено ефикасни против тенкови и оклопни воени возила.

Муницијата со осиромашен ураниум од 120 милиметри е наменета за борбените тенкови „Абрамс“ ветени на Киев како дел од новата транша од американската воена помош вредна 175 милиони долари“, се вели во соопштението на Пентагон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.