Папата Франциск порача порача дека Украина мора да има „храброст за бело знаме“ и да седне на преговарачка маса. пишува „Ројтерс“.

Киев треба да најде храброст да се согласи на преговори со Русија. За да го направат тоа, украинските власти мора да го признаат поразот и „да најдат храброст да се залагаат за белото знаме“, изјавил понтифот во интервју за швајцарскиот ТВ канал РЛИ.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика официјален Киев брзо да почне преговори со Руската Федерација под покровителство на Анкара.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.