Во Португалија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои 10,8 милиони Португалци ќе одлучат во кој правец ќе се движи земјата понатаму.

Според бриселскиот портал „Политико“, тоа што е сигурно е дека лидерот на социјалистите, Антонио Кошта ќе се повлече од премиерската функција.

Предвремените избори се резултат на ненадејната оставка на Кошта по истрагата за влијанието минатата есен, што значи дека неговото име нема да се најде на гласачкото ливче за првпат по девет години.

Се очекува пораз на владејачките социјалисти, но јасен победник нема да има, јави ДПА.

Речиси сите анкети предвидуваат тесна победа на централно-десничарската коалиција Демократски сојуз над Социјалистичката партија (СП).

Двајцата водечки кандидати, Педро Нуно Сантос од СП и Луис Монтенегро од Демократскиот сојуз, најверојатно ќе треба да се потпрат на склучените договори со помалите партии за да формираат влада.

Анкетите покажуваат дека блоковите формирани од десничарските и левичарските партии се речиси рамноправни и дека екстремно десничарската партија „Чега“ би можела да биде победник.

Ова се последните парламентарни избори во Европската Унија пред изборите за Европскиот парламент во јуни следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.