Папата Франциск на денешната неделна општа аудиенција на плоштадот Свети Петар го осуди „немилосрдното бомбардирање“ на украинските градови.

Моето срце е секогаш со украинскиот народ, особено со жителите на местата кои се изложени на немилосрдно бомбардирање. Нека духот (божји) ги преобрази срцата на оние кои ја имаат судбината на војната во свои раце, така што ураганот на насилство ќе престане и ќе се врати мирниот соживот во правда – изјави папата.

Најмалку 26 луѓе загинале, а повеќе од сто се повредени во серијата руски ракетни напади врз повеќе украински градови. Тоа е една од најголемите руски воздушни офанзиви од почетокот на воената операција во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.