Проблемот со намалувањето на стапката на наталитетот мора да се решава на институционално ниво, а мајките не треба да се доведуваат во позиција да избираат меѓу работата и грижата за своите деца, изјави денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

На институционално ниво има итна потреба од ефикасни политики, храбри, конкретни и долгорочни избори“, рече папата Франциск на конференцијата за стапката на наталитет, што се одржува во Рим.

Тој посочи дека посветеноста на светските влади е неопходна за да им се помогне на младите да ги остварат своите цели, пренесува италијанската новинска агенција Анса.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.