Војната во Украина стана најважниот фактор што влијае на движењата на финансискиот пазар. Цената на златото е блиску до историскиот максимум, бидејќи се повеќе инвеститори се свртуваат кон овој благороден метал, кој се смета за сигурна инвестиција која ја задржува својата вредности во време на криза.

Покрај златото, во пораст се и цените на суровата нафта, среброто, паладиумот, платината и гасот.

Паладиумот достигна највисока цена во последните шест месеци бидејќи Русија е најголемиот светски производител на паладиум. Извозот на овој исклучително благороден метал најверојатно ќе се соочи со слични проблеми како и извозот на енергија. Слично е и со платината, чија цена исто така забрзано расте, бидејќи Русија е на второто место по производство во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.