Пакистан го награди ко-основачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс, со второто највисоко цивилно признание Хилал-е-Пакистан, за ублажување на сиромаштијата и неговата посветеност на искоренувањето болести, како што се полио и туберкулоза.
На Гејтс му беше врачена наградата директно од претседателот Ариф Алви. По церемонијата, тој имаше состанок со премиерот Имран Кан.
Посветеноста на Пакистан да стави крај на полиото е инспиративна – изјави Гејтс во објава од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Фондацијата на Гејтс помогна речиси да се искорени болеста.
Лидери на Влади, здравствени работници, како и родители, работат неуморно на тоа да се осигураат дека оваа болест нема да парализира уште едно дете – истакна Гејтс.
Милијардерот пред новинарите во Исламабад изјави дека е импресиониран од тоа што го прави Пакистан. Според Гејтс, полиото во Пакистан се шири помалку од очекуваното, а причината ја гледа во тоа што луѓето помалку излегуваа од дома за време на пандемијата од Ковид-19.
Мислам дека со тоа што ќе го преземи Пакистан во 2022 година, најверојатно ќе му дојде крајот на полиото – појасни Гејтс.
Кога станува збор за Авганистан, Гејтс појасни дека таму сега се врши повеќе вакцинација против полио, во споредба со изминатите години.
Пакистан и Авганистан се единствените земји во светот, каде детската парализа останува ендемична. Болеста може да предизвика делумна парализа кај децата. бд/ссм/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.