Рускиот дневен бизнис весник „Ведомости“ го објавува ставот на неименувани извори од руска страна за преговарачкиот процес во Украина.

Според нивните податоци, преговорите меѓу Русија и Украина се поделени во четири насоки:

1. Неблоковски статус на Украина

Се разговара дали земјата треба да биде неутрална или може да стане членка на НАТО. Притоа, сè уште нема договор околу прашањата за гаранциите на тој вонблоковски статус.

Украина сака безбедносни гаранции кои потсетуваат на точката 5. на договорот за НАТО, односно би предвидувале директна воена помош во случај на закана.

2. „Демилитаризација“

„Украина инсистира на задржување на сегашниот број на воени сили, додека, според мислењето на Русија, тие треба да бидат неколку пати помали и да немаат системи со долг дострел. Ставот на Русија е Украина да нема повеќе од 50.000 војници.

Украина предлага да се земе моделот на Финска ( на 5,5 милиони жители има 21.500 војници (во Украина живеат околу 42 милиони луѓе)“.

3. Политичка структура

Воопшто нема консензус за ова прашање, бидејќи Русија инсистира на отстранување на екстремистичките групи и структури од власта, нешто за што Киев не ни размислува.

4. Границите на Украина

Ова е најкомплексното прашањево преговорите. За ова прашање нема ниту навестување за компромис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.