Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на својот канал на Телеграм објави дека во Мариупол се одвива активен напад на индустрискиот комплекс „„Азовстал“, каде што се распоредени припадниците на националоистичкиот баталјон „Азов“.

Кадиров објави и видео на кое се гледа како чечнските борци забележале непријателски снајперист на покривот на една од зградите, кој, како што информира Кадиров, бил елиминиран.

Нашите момци активно ја напаѓаат металуршката фабрика „Азовстал“, каде што во моментов се кријат остатоците од милитантите на националните баталјони. Забележан е и снајперист кој откако беше откриен се обиде да избега. Чеченските борци без размислување презедоа активности да ја елиминираат откриената цел – вели Кадиров.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.