Денес, според проценките на ОН, светот има осум милијарди жители, а едно бебе родено во Манила стана симбол на тој факт.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Винис Мабансаг, која е родена во Меморијалната болница Хозе Фабела во Тондо на 15 ноември, беше избрана за 8-милијардитиот човек во светот.

Штотуку бевме сведоци на 8-милијардитото бебе во светот на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, стигнавме во 23 часот, а бебето се роди во 1:29 часот, нормално породување, изјави д-р Ромео Битуин, главниот лекар на болницата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.