Вчера околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40-годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко, соопшти МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.