Евакуирајте ја Белата куќа, најдовме непознат бел прав, оваа недела е издадено упатство од надлежните служби во Вашингтон. Прашокот го открил агент на Тајната служба при стандарден претрес на просториите.

Во областа во западното крило веднаш пристигна екипа во заштитни одела. Супстанцијата била отстранета и тестирањето покажало дека се работи за кокаин, пишува NY Post.

Се обидуваме да утврдиме како завршил таму – велат кусо надлежните и најавуваат дополнителни тестови за да потврдат дека се работи за кокаин.

Случајот, како што се очекуваше, ги разбранува страстите во САД. Прашокот бил пронајден во делот од Белата куќа што го користеле персоналот и разни гости.

Џо Бајден во моментот на „откритието“ не бил во резиденцијата на американските претседатели. Тој замина во Кемп Дејвид со семејството за време на викендот, а во вторникот се врати во Белата куќа, каде што тој и неговата сопруга Џил беа домаќини на собир на активни воени членови по повод Денот на американската независност.

Неговиот проблематичен син Хантер цело време бил со Бајден, како и членови на неговото семејство.

Хантер, кој призна дека користел крек во минатото, веднаш се најде на мета на критичарите на американскиот претседател. Многумина од нив се сигурни дека пронајдениот бел прав му припаѓа нему.

Иако нема доказ за тоа, социјалните мрежи се преплавени со илустрации на Хантер во Белата куќа со кокаин, некои дури го споредуваат со Scarface…

Хантер беше во Белата куќа минатиот петок, пред да отпатува со својот татко во Кемп Дејвид. Иако пкокаинот беше откриен дури во неделата, а Белата куќа минува низ редовни проверки, тоа не ги спречи некои да го прогласат Хантер за виновен…

Инаку, Хантер беше и на вчерашната прослава во Белата куќа… Од балконот расположен го гледаше огнометот…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.