Вкупно 96 дојдовни и појдовни летови од белгискиот аеродром Шарлроа се откажани поради штрајк на пилотите на ирската авиокомпанија „Рајанер“.

Околу 17.000 патници, што е околу 28 отсто од вкупната очекувана бројка, се погодени од штрајкот, кој е организиран поради незадоволство од условите за работа, соопшти управата на аеродромот.

Пилотите на аеродромот, каде што им е базата, велат дека компанијата не сака да го почитува колективниот договор кој предвидува одреден број слободни денови во замена за намалување на платите прифатено во 2020 година за време на Ковид кризата.

Синдикатите на пилотите го обвинуваат „Рајанер“ дека не ги почитува белгиските закони и профитира од „социјалниот дампинг“ што овозможува нелојална конкуренција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.