Данска ќе помогне во обуката на украински пилоти за борбениот авион Ф-16 од американско производство.

Данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, соопшти дека таквата одлука доаѓа откако официјален Вашингтон објави дека ќе ги поддржи напорите за обука на пилоти на Киев.

Нашата земја сега ќе може да продолжи напред за колективен придонес за обука на украински пилоти да летаат со Ф-16, изјави Поулсен, кој е вршител на должноста министер за одбрана на Данска.

Претходно Велика Британија го поздрави потегот на САД за дозвола на обука на пилоти за тој тип авиони.

Британскиот премиер Риши Сунак ја поздрави најавата на Вашингтон во објава на Твитер

Добредојдена е најавата дека САД ќе одобрат обука на украински пилоти за борбени авиони Ф-16. Обединетото Кралство ќе работи заедно со САД и Холандија, Белгија и Данска за Украина да ја добие потребната борбена способност во воздух“, напиша Сунак на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.