Десетици илјади луѓе протестираа во Тбилиси против политиката на грузиските власти по неуспехот на земјата да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија. Веејќи грузиски и европски знамиња, демонстрантите се собраа околу парламентот.
Неколку проевропски организации и сите опозициски партии повикаа на демонстрации за да се зголеми притисокот врз власта која ја обвинуваат за авторитарност и влошување на односите со Брисел.
Ние, народот на Грузија, бараме (премиерот) Иракли Гарибашвили да поднесе оставка и да се формира нова влада која ќе ги спроведе сите реформи што ги бара ЕУ – изјави еден од организаторите на протестот, додавајќи дека тие и даваат на владата рок од една недела да се исполни нивното барање..
Грузија поднесе барање за членство во ЕУ заедно со Украина и Молдавија, по почетокот на руската воена операција во Украина на 24 февруари. Сепак, лидерите на ЕУ во четвртокот одлучија да им доделат кандидатски статус на Украина и Молдавија и порачаа дека Грузија исто така ќе добие кандидатски статус, но само кога ќе се спроведат реформите.
Гарибашвили претходно изјави дека неговата влада е подготвена да ги исполни условите на ЕУ за што поскоро да добие кандидатски статус.
Европските власти како приоритети го наведоа прекин на политичката поларизација, напредок во слободата на медиумите и судски и изборните реформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.