Хикмет Хаџиев, советникот на азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев, порача дека Азербејџан е подготвен за разговори со Ерменија со посредство на Европската Унија, по успешната азербејџанска офанзива во Нагорно Карабах.

Азербејџанскиот претседател не дојде на самитот на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, каде што требаше да се разговара на оваа тема.

Азербејџан е подготвен наскоро да учествува во Брисел на трипартитните состаноци меѓу ЕУ, Азербејџан и Ерменија“, напиша Хаџиевна платформата Х.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој дојде на самитот, ја осуди одлуката на азербејџанскиот претседател да не присуствува.

Според Хаџиев, неговата земја одлучила да не учествува поради „милитаристичката политика“ на Франција кон Кавказот, односот на ЕУ кон регионот, како и поради тоа што турскиот претставник не учествува.

Сепак, Хаџиев нагласи дека тоа не значи дека ги отфрла разговорите со Ерменија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.