Николај Смиркин е бригаден свештеник и заменик-командант на Единицата за ветерани за работа со верни воени лица на руската армија, кој држи служба во импровизиран верски храм. Показател дека малата барака, направена од иверица, е теренски верски храм е само крстот закачен на вратата, инаку ништо друго не укажува на тоа дека таму се одржуваа богослужба, пишуваат руските медиуми во фото-приказната за свештеник во војната, за отец Николај од Самара, кој е невооружен, но се наоѓа на линијата на фронтот, заедно со војниците во Донбас.

Храмот бил изграден непосредно пред Велигден. Сè во него било собрано малку по малку. Свеќници, икони, книги – се што е потребно за извршување на верските ритуали на терен е тука. Свештеникот вели дека војниците го спасиле Евангелието под Артјомовск (Бахмут на руски). Сега Светото Писмо е во храмот.

Свештеникот им помага на војниците во рововите и во позадинскиот дел да се справат со нивните проблеми поврзани не само со борбените, туку и со менталните болки, семејните проблеми дома и другите тешкотии со кои се соочуваат борците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.