Сириецот кој e осомничен дека во петокот уби три лица во германскиот град Солинген, пристигнал во Германија во 2022 година и побарал азил, објавија германските медиуми.

Иса ал Х. (26), кој ѝ се предаде на полицијата и го призна делото, престојувал во бегалски центар во тој град во Западна Германија, што бил претресен во саботата.

Весникот „Дер Шпигел“ објави дека тој дошол во земјата на крајот на 2022 година и побарал азил. Според правилата на Европската Унија, тој требало да биде депортиран во Бугарија – земја преку која влегол во ЕУ и каде што е регистриран, но не бил депортиран бидејќи се криел неколку месеци.

Весникот не наведува дали осомничениот терорист пристигнал во Германија преку Хрватска или Унгарија.

Осомничениот денеска треба да биде изведен пред судија во Карлсруе.

Крвавото злосторството се случи во петокот вечерта кога беа убиени три лица кои осомничениот ги бодел со нож, а повреди осуммина. Убиствата се случија на фестивал за прослава на 650-годишнината од формирањето на градот.

Нападот, заедно со преземањето на одговорноста од страна на групата Исламска држава, поттикнаа повици Германија да започне со протерување и да престане да прифаќа бегалци од Сирија и Авганистан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.