Стратегијата на Европската унија во однос на конфликтот во Украина не успеа, Русија не може да биде поразена и затоа мора да се усвои нов план за акција, изјави од Цирих унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој посочи дека Унгарија од самиот почеток ги осудува постапките на Русија во врска со Украина, но тврди и дека реакцијата на Западот на постапките на Русија била погрешна.

„Каква беше нашата стратегија? Украинците ќе се борат и ќе победат на линијата на фронтот, а Русите ќе изгубат. Каква е реалноста? Украинците се борат и умираат. До што дојдовме? Русија нема да загуби и воопшто нема да ја промени својата политика. Затоа, мора да се соочиме со реалноста. Мора да се придвижиме кон планот Б“, рече Орбан

Тој додаде дека дека Европската унија во моментов нема таков план.

„Безмислено е да се испраќаат пари на Украинците“

Орбан истакна дека наместо да ја преиспита својата стратегија, Брисел предлага продолжување на воената и финансиската помош за Киев.

„Сосема е бесмислено да се испраќаат пари на Украинците, тоа не би довело до ништо“, навел Орбан, како што пренесува унгарскиот весник Magyar Nemzet.

Заклучил дека единствениот начин да се „запре бесмислената смрт на луѓето“ е веднаш да се прекине огнот и да се започнат мировни преговори за да се постигне договор за Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.