Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел не успева да придонесе во напорите за сузбивање на илегалната миграција.

Орбан изјави дека Унгарија во моментов работи на заштита на цела Европа.

Навистина, тоа е напад врз Унгарија, изјави Орбан за унгарското радио Кошут, пренесе агенцијата МТИ.

Унгарскиот премиер изјави дека само минатата година биле уапсени 122.000 лица, кои илегално влегле во земјата, наспроти 45.000 една година претходно, што, според него, покажува дека бројот на нелегални влегувања во земјата се зголемува.

Проблемот со илегалната миграција е далеку од решен. Напротив, тој ќе биде со нас во следните неколку години, предупреди Орбан.

Тој додаде дека мора да се зајакне граничната контрола и да се ангажираат нови сили.

Потребни ни се што повеќе војници само за гранична контрола, рече унгарскиот премиер.

Тој нагласи дека Унгарците биле „задолжени за тврдината“, заштитувајќи ги границите на цела Европа, „но дека Брисел не ни помага во овие напори, туку напротив ни пука в грб“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.