Папата Франциск повика на строга примена на канонското право во борбата против злоставувањата во Католичката црква.

Црквата, со Божја помош, продолжува со својата посветеност да обезбеди правда за жртвите злоставувани од нашите членови, применувајќи го со посебно внимание и строго пропишаното канонско право – изјави Папата Франциск во Апостолската палата при приемот на претставниците на Конгрегацијата за доктрина на верата, ватиканските власти кои се занимаваат со извештаите за злоставување.

Папата укажа на неодамнешните реформи кои го олеснуваат повикувањето на одговорност на злоставувачите во Црквата.

Самото ова можеби не е доволно за борба против овој феномен, но е важен чекор кон враќање на правдата, поправање на скандалот и отстранување на сторителите – порача Папата.

Ватикан во четвртокот повтори дека чувствува „срам и каење“ за сексуалната злоупотреба што свештеници ја вршеле над малолетници, по објавувањето независен извештај во кој се доведуваат во прашање постапките на Папата Бенедикт Шеснаесетти.

Папата Бенедикт 16, кој има 94 години и живее во манастир во Ватикан, „одлучно“ негираше каква било одговорност во изјавата што ја испрати до адвокатите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.