Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД го поставува прашањето за Европа дали може сама да и помогне на Украина и дали ја принудува ЕУ да ја промени својата стратегија.

Републиканците победија вечерва во САД, што на дневен ред го става прашањето за нас, европските лидери, дали Европа сама е способна да ја одржи финансиската и воената поддршка за Украина, која беше таму досега. Многу се сомневам во тоа, затоа ќе биде потребна нова европска стратегија“, изјави Орбан, говорејќи на самитот на Организацијата на турските држави во Бишкек.

Орбан порача дека првиот чекор во оваа насока може да се направи веќе на 7 ноември, кога во Будимпешта ќе се одржат самитот на Европската политичка заедница и неформалниот самит на ЕУ.

Најтешкото прашање е дека треба да ја откриеме судбината на заемот од 50 милијарди долари… за Украина, кој, според одлуката на Г7, треба заеднички да биде финансиран од ЕУ и САД“, додаде Орбан. .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.