ОН ветија помош од 25 милиони долари за Сирија. Износот е дополнување на донацијата од 25 милиони американски долари објавена претходно оваа недела за итни операции во Турција и Сирија.
Шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс рече дека новата помош ќе помогне да се задоволат итните потреби на стотици илјадници Сиријци. Тој додаде дека условите во земјата се најлоши од почетокот на конфликтот во 2011 година – со намалени ресурси, епидемија на колера и сурови зимски услови.
Агенцијата на ОН за бегалци објави дека речиси пет и пол милиони луѓе во Сирија би можеле да останат без покрив над главата по разорниот земјотрес што ја погоди земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.