Главниот службеник за хуманитарна помош на Обединетите нации, Мартин Грифитс, призна дека ОН не успеале да им помогнат на луѓето во областите под контрола на опозицијата во Сирија по разорниот земјотрес во понеделникот.

Досега ги изневерувавме луѓето од северозападна Сирија. Тие со право се чувствуваат напуштени. Тие бараат меѓународна помош која не пристигна“, напиша Грифитс во твитот.

Моја должност и наша обврска е да го исправиме тој пропуст што е можно побрзо. Тоа е мојот фокус сега“, додаде тој за време на посетата на пограничната област.

Семејствата на жртвите во градот Џиндирес, во провинцијата Идлиб, го кренаа знамето на ОН наопаку над зградите уништени од земјотресите за да го осудат недостатокот на помош од светската организација, според опозицискиот активист Осама Абу Зајд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.